Возел 207км/час на автопатот Тетово-Скопје
Казнет e со 400 евра
-Едно од пречекорувањата регистрирано на автопатот Скопје – Тетово, кај клучката Север на влезот во Тетово, било најголемо, а измерената брзина изнесувала 207 километри на час.
На возачот на патничкото моторно возило „порше“, С.Е. од Република Косово, кој поседувал швајцарска возачка дозвола, изготвен му е поднесок и ќе се соочи со парична глоба од 400 евра, информира за МИА Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
При контролата биле констатирани вкупно седум пречекорувања на максимално дозволената брзина