Изгаснат пожар во една од бараките на клиниките „Мајка Тереза“
Во текот на вчерашниот ден избувнал пожар во една од бараките на Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Во 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје настанал пожар во една барака се вели во извештајот на МВР. Од екипа на Бригадата за потивпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид.