Бесарт Абдурахими нов фудбалер на мостарски Зрињски


Поранешниот македонски репрезентативец Бесарт Абдурахими е нов фудбалер на мостарски Зрињски, соопшти денеска актуелниот шампион на Босна и Херцеговина.

Најуспешниот клуб во БиХ во објава на својот профил на платформата Икс прецизираше дека соработката со 33-годишниот крилен напаѓач е договорена до 31 мај 2025 година.

Абдурахими, кој е роден 1990 година во Загреб, настапуваше за младинските селекции на Хрватска, а на сениорско ниво го носеше дресот на Македонија.

Во Зрињски доаѓа од кипарското првенство во кое до јануари годинава настапуваше за Аполон Лимасол

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close