Пронајдена дрога при претреси во два стана во Скопје

 

Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на 29/30 март биле извршени претреси со судска наредба во два стана на подрачјето на Центар и Карпош, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и две дигитални ваги.

Како што соопшти МВР, при претресот од слобода била лишена Л.Ј.(54) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, посочуваат од МВР. 

Back to top button
Close