Димитриевски: Во првите 200 дена уставни измени за внесување на Бугарите – „неприфатливо е барањето за бришење на 20% и претседател во Собрание“

Кандидатот за претседател од „Знам“, Максим Димитриевски при презентацијата на својата програма во Крушево рече дека е против симнување на 20 отсто што се однесуваат на албанскиот јазик во Уставот.

Димитриевски рече и дека е против идејата да се смени начинот на избор на претседател, а тоа е претседателот да се избира во Собранието.

„Отворање на дијалог за евентуални предлози за уставни измени кои би се однесувале на бришење на формулацијата „јазикот кој го говорат 20 %“ и менувањето на сегашниот начин на избор на Претседател на Републиката, за мене се неприфатливи бидејќи ги подриваат фундаментите на кои почива Охридскиот рамковен договор за кој сметам дека е 100 посто реализиран“, вели Димитриевски.

Сепак, како што вели приоритет број 3 му е отворање на Уставот и внесување на Бугарите.

„Во интерес на зајакнување на меѓусебната доверба и унапредување на билатералните односи со соседна Република Бугарија, во првите 200 дена ќе предложиме уставни измени за внесување на Хрватите, Црногорците и Бугарите во преамбулата, со одложена правна важност, кои ќе стапат на сила во истиот момент кога Република Македонија ќе стане полноправна членка на Европската Унија“, додава Димитриевски.

Back to top button
Close