Почина мајката на повреденото дете во нападот во трговскиот центар во Сиднеј

Бројот на загинати во денешниот напад со нож во трговскиот центар „Вестфилд Бонди Џанкшн“ на истокот на Сиднеј се искачи на седум, вклучувајќи го и напаѓачот, јавува репортерот на Танјуг од Сиднеј.

Мајката на малото дете кое беше тешко повредено заедно со уште седум лица во нападот, според извештајот, им подлегнала на повредите.

Напад со нож во трговскиот центар на истокот на Сиднеј, се случил вчера попладне, а напаѓачот бил убиен од полицијата, изјави претставникот на австралиската полиција, Ентони Готви

Back to top button
Close