Ќе останам пратеник во Собранието и ако СДСМ загуби на изборите, вели Димитар Ковачевски

Лидерот на СДСМ и носител на кандидатската листа во првата изборна единица, Димитар Ковачевски, ќе остане да дејствува како пратеник во Собранието и ако СДСМ изгуби на парламентарните избори и не е дел од идната влада, вели тој во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Според Ковачевски, секој што е избран треба во Собранието да ги презентира ставовите и определбите коишто пред изборите ги презентирал пред гласачите.

Back to top button
Close