Османи за ставот на Мицкоски: Ова е дел од тој еуфемистички национализам, да кажеме дека Албанците крадат гласови
За Бујар Османи од Европскиот фронт, ставовире на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека имало изборни нерегуларности се за Албанците, а не за ДУИ.
Тој негира дека ДУИ и Европскиот фронт направиле такво нешто.
„Ова почна, првично господинот Мицкоски рече дека во Бутел во еден стан се собира оружје. Ова е дел од тој еуфемистички национализам, да кажеме дека Албанците крадат гласови, Албанците се корумпираните, но ние ќе кажеме ДУИ поради политичка коректност. Не постои такво нешто.“, рече Османи.