Судската власт не е марионета , порачува Судскиот совет за најавите на Мицкоски за негово распуштање

Само тогаш кога политичарите што доаѓаат и си заминуваат од власт, ќе сфатат дека судската власт е столбот што останува и не е марионета, ниту инструмент за остварување нечии интереси, граѓаните ќе добијат судство какво што заслужуваат.

Ова е првичната реакција на Судскиот совет по најавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, чија партија освои најмногу гласови на изборите, дека ќе ги распуши Судскиот совет и Советот на јавни обвинители како решение за независно правосудство и решавање на проблемите во оваа област.

Во изјава за „Фокус“ од Судскиот совет велат дека не се впуштаат во коментирање и оценка на предизборни програми и ветувања на која било политичка партија, но порачуваат дека се свесни за состојбите во судството, за нивото на доверба и го прифаќаат сето она што како недостаток се става на товар на судството.

„Меѓутоа, исто така, убедени сме дека судството во Република Северна Македонија има капацитет да ги надмине состојбите без реформи и резови за кои никој не може однапред да ги предвиди ефектите што ќе бидат предизвикани. Реформи заради реформи никому не му се потребни и тие само ќе ги вратат неколку чекори назад процесите и активностите што Судскиот совет ги презема во овој период, финансирани и со поддршка на меѓународната заедница преку проекти, а се во насока на подобрување на состојбите во судството и се во напредна фаза, се вели во изјавата од Судскиот совет за „Фокус”.

Повеќе

Back to top button
Close