(ВИДЕО) Кина обучува вооружени „кучиња-роботи

Во неодамнешните заеднички воени вежби со Камбоџа, кинеската војска ги покажа способностите на новото „куче-робот“ вооружено со автоматска пушка на грбот.

– Тоа може да послужи како нов член во нашите урбани борбени операции, заменувајќи ги нашите човечки членови, да врши извидување, да го идентификува непријателот и да ја гаѓа целта, изјави војникот Чен Веј за Кинеската државната телевизија.

Видеоснимките од вежбата „Златен змеј 2024: Кина – Камбоџа“ го покажуваат роботот како се движи напред-назад, скокнува, „лежи“ – управувано со далечински уред

Back to top button
Close