Живко Грозданоски нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија
Живко Грозданоски е избран за нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на денешното редовно изборно Собрание, на кое беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото.
На денешното изборно собрание за членови на Управниот одбор на ДПМ се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев.
Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.
Раководството на ДПМ наскоро ќе ја одржи својата конститутивна седница, на која ќе биде избран и потпретседател на Друштвото.
За функцијата претседател на ДПМ во предвидениот рок, кандидатури доставија петмина членови: Живко Грозданоски, Весна Дамчевска Илиевска, Јордан Ѓорчев, Мирче Нешовски и Југослав Петровски.
Според Статутот на ДПМ за претседател се бира оној кандидат што добил најголем број гласови од присутните активни членови на редовното изборно Собрание