Гала-филмска вечер „Кан во Скопје“ по повод 50-години Француски институт во Скопје
Францускиот институт во Скопје организира ексклузивна гала-филмска вечер „Кан во Скопје“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје.
По тој повод в среда, 5 јуни, (20 ч.), премиерно “ во киното „Синеплекс“ ќе биде прикажан филмот „Втор чин“.
Се работи ексклузивна премиера во регионот и филм со којшто се отвори овогодишното издание на Канскиот фестивал, во режија на Кантен Дипје, со Леа Сејду, Луј Гарел и Венсан Лендон во главните улоги.
Француските медиуми за „Втор чин“ напишаа: Дипје исклучително вешто ги заобиколува клишеата, спротивставувајќи ѝ се на политичката коректност. Филмот е полн со спонтан хумор“ – Фигаро. Филмот е несомнено еден од најдобрите филмови на Дипје: прецизно режиран носи рекордно долги кадри – Пари-Мач.
Дипје е неуморен, тој „поставува на сцена“ четворица збунети ликови и создава од нив една апсурдна фикција. Вистински успех! – Ехо