Kавадарчанец нападнал полицајци


Дваесет и тригодишен кавадарчанец бил приведен во текот на вчерашниот ден поради тоа што нападнал полициски службеници, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Како што појаснуваат, во 16.30 часот во Криволак, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода, лицето со иницијали И.Б..

Кавадарчанецот, со привремено живеалиште во Криволак, физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.

Потоа, момчето се обидело со дрвен и остар предмет да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Back to top button
Close