БЕСА ги избра кандидатите за министри во новата Влада

Собранието на Движењето БЕСА го одржа 10-тиот состанок на кој се разговараше за приоритетите и заложбите на партиските кадри за време на идната Влада и едногласно ги избра кандидатите за државните функции во новата Влада, кои што парламентот ќе треба да ги избере.

На состанокот е одлучено Фатмир Лимани да биде кандидат за министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши за министер за економија и труд, додека Седат Сулејмани е кандидат за заменик министер за култура и туризам.

Во текот на дискусијата, Собранието на Движењето БЕСА едногласно утврди дека без компромис партиските претставници во Собранието и во извршната власт ќе се посветат на трите најприоритетни точки од владината програма:

– Борбата против криминалот и корупцијата

– Реализација и имплементација на условитe за интеграција на земјата во Европската Унија и

– Економски развој на државата.

 

Back to top button
Close