НБА: Далас со висока победа се избори за петти натпревар

– Кошаркарите на Далас се изборија за петти натпревар од финалето во НБА лигата, совладувајќи го синоќа Бостон на домашен терен со убедливи 122-84.

Лука Дончиќ постигна 25 од своите 29 поени во првото полувреме, а Кајри Ирвинг додаде 21 поени за Далас, кој сега ја намали негативата на 3-1 во серијата до четири победи.

Најефикасни во редовите на Бостон беа Џејсон Тејтум со 15 и Сем Хаузер со 14 поени.

Серијата сега се враќа во Бостон каде в понеделник на програмата е петтиот натпревар

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close