Од сабота до крај на месецов: 39-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “

Во сабота, на 22 Јуни, вечерта во 20, оо часот, со посебна свечена програма, во Уметничката галерија, во селото Белчишта, општина Дебрца, ќе биде отворена 39-та, по ред, Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “, на која, учествуваат 11 ликовни уметници.

На Колонија „Дебрца“, најстарата ваква манифестација кај нас, годинава, од Македонија, ќе творат: маестро Јордан Манасиески – Охрид, Лара Ташковска – Скопје, Андреј Антевски – Куманово, како и  Славица Танеска и Емел Махмуд, од Охрид,

Странски автори : Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли ( монголскиот конзул), Јованка Беквалац – Србија, Нада Грбиќ – Србија, Мирослав Мича Круниќ – Србија, Славка Ната Радуловиќ – Црна Гора и Драгољуб Пејовиќ – Црна Гора.

Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ располага со најбогат фонд уметнички дела во земјава, над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува, непроценливо македонско и светско културно наследство.

Четиридецениското постоење на Колонијата, е заслуга на визионерски тим од реномирани уметници, поддржувачи на уметноста и страсни креативци.

За жал, втора година, без основачот, ликовниот педагог и познат автор, Ѓорѓија Целески, по потекло од Белчишта.

 

Веле Митаноски

Back to top button
Close