Предавање „Трансформации – нинџите и сликата за нив во светот и во Јапонија“

 

Предавање на тема  „Трансформации – нинџите и сликата за нив во светот и во Јапонија“ ќе одржи професорот од Јапонија Јуџи Јамада денеска и утре во Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет на УКИМ.

Предавањата ги организира Јапонската фондација, Институтот за антропологија и етнологија и Друштвото на македонско-јапонско пријателство во соработка со Амбасадата на Јапонија.

-Професорот Јамада е специјализиран за средновековна јапонска историја и култура на Универзитетот „Мие“ во Јапонија. На предавањето денеска и утре тој ќе се фокусира на историските факти за нинџите чија слика во модерната поп-култура е модифицирана и хиперболизирана, соопшти Амбасадата.

Предавањето е на англиски јазик. За денеска местата се пополнети, а за резервација на место за утрешното предавање заинтересираните треба да се пријават на [email protected]

 

Back to top button
Close