Балансерот се злоупотребува, нема да се укине, но ќе биде законски реформиран, вели Меџити

Нема да играм фудбал со министрите во владиниот кабинет. Нема да излегувам со куфер пред јавните институции и нема да се занимавам со бизнисите на Лотарија и „Соравија“.

Ова денеска на промотивната конференција која ја организираше коалицијата „Вреди“, на еден ден пред да се одржи седницата за избор на нова влада, на која беа соопштени програмските столбови и новиот владин тим од редовите на оваа коалиција, го изјави Изет Меџити, лидер на Демократското движење, но и иден, како што посочи, прв вицепремиер и министер за животна средина.

„Со 80 гласа беше изгласана реформата на органите на државната управа. Гласаа и парламентарното мнозинство и опозицијата, а одговорноста за оваа промена ја носиме сите ние. Во наредниот период ќе има голема реформација и трансформација на министерствата. Но, додека формата ќе се менува, содржината – односно основните концепти – ќе остане иста: правата на Албанците ќе продолжат да се гарантираат и штитат со Уставот и Охридскиот договор“,

<
Според него, балансерот со кој, како што рече, многу Македонци станале Албанци за да се вработат, најави дека ќе се замени со Законот за правична застапеност. Тоа значи дека балансерот нема да се укине, туку како што рече Меџити, ќе се уреди со закон и преетставува законска обрска.

„Тоа ќе биде направено за правичната застапеност да стане законска обврска, а не да остане механизам за политичко пазарење како што беше досега. Овде сакам да разјаснам, и внимателно слушнете ме: ниту еден Иван, посебно не Иван Стоиљковиќ, никогаш нема може да ги промени фактите“,вели тој.

Посочи дека и покрај обвинувањата дека немаат легитимитет, „Вреди“, како што рече е победник на изборите во албанскиот политики блок, како и дека тие се новиот политички фактор кој ги претставува Албанците со легитимитет, достоинство и одговорност.

„‘Вреди‘ е новата политичка структура која биде носител на успешната институционална транзиција и ќе го направи секој Албанец горд да се идентификува со нас“,

рече Меџити.

Back to top button
Close