Промоција на нова модуларна колекција на Номад Студио во Лаб дизајн маркет

Оваа сабота со почеток од 18 часот во Лаб дизајн маркет ќе започне промоцијата на „Тотем” – новата модуларна колекција на Номад студио.
„Тотем” e разиграна сензорна скулптура, инспирирана од играчката со редење обрачи на стапче. Нејзиниот уникатен модуларен дизајн е комбинација на форми и бои кои постојано се менуваат, а истовремено инспирираат различни конфигурации пренесувајќи чувство на разиграност. Внимателно рачно изработена, TOTEM скулптурата содржи 3 основни форми кои се конфигурираат во повеќе од 12 стилски силуети, овозможувајќи ви да креирате свои променливи скулптурни форми. Преку сензорна стимулација, TOTEM светилката пренесува уникатно и хармонично чувство во вашиот дом.
„Номад студио” има развивено композитен материјал со кој ја стилизира старата „терацо” техника во современ дизајн. Терацо техниката потекнува од Италија и датира од 16 век.
На почетоците била употребувана од страна на изработувачите на мозаици во Венеција. Идејата била остатоците од мермер во комбинација со друга смеса да се реупотребат за изработка на декоративни подни површини.

Преку овие настани публуката може одблиску да ја запознае работата на локалните дизајнери и занаетчии и со тоа да ја увиди вредноста во нивниот производ. Крајната цел е да стекне доверба во македонскиот дизајнерски производ кој се заснова на рачна изработка и висок квалитет.
Лаб дизајн маркет е изложбен салон што се наоѓа на булевар „Св. Климент Охридски” број 68, во центарот „Лабораториум”, сместен во индустриската хала на печатницата „Нова Македонија”.

Back to top button
Close