Колумбија го победи Уругвај и се пласираше во финалето на Копа Америка

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше фудбалерот за врска Џеферсон Лерма во 39. минута.

Во финишот на првото полувреме црвен картон доби дефанзивецот Даниел Муњоз, па Колумбијците во текот на целото второ полувреме играа со фудбалер помалку.

Колумбија во финалето на Копа Америка ќе се соочи со Аргентина. Натпреварот ќе се одигра на 15 јули.

Уругвајците ќе се сретнат со Канаѓаните во мечот за 3. место што ќе се одигра на 14 јули

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close