Министрите за одбрана на Македонија, Албанија, Бугарија и Италија потпишаа Писмо за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со колегите од Албанија, Бугарија и Италија, Гуидо Кросето, Нико Пелеши и Атанас Запријанов, вчера во рамки на Самитот на НАТО во Вашингтон потпишаа Писмо на намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност во рамките на Паневропскиот Коридор VIII, за потребите на Алијансата. Ова е првиот меѓународен документ потпишан од страна на новата Влада.

Целта на оваа иницијатива, како што соопштија од Министерството за одбрана, е да се овозможи побрз проток на воените сили и опрема на Алијансата преку поедноставување на националните процедурите за граничен премин, особено во услови на криза.

– Со потпишувањето на Писмото за намери се преземаат чекори кои значително ќе ја зголемат ефикасноста на воената логистика и операции, во случај на потреба. Исто така, проектот ќе придонесе за унапредување на координацијата меѓу земјите потписнички, како и инфраструктурата долж Коридорот, а со што ќе се овозможи и полесен пристап кон армискиот полигон Криволак – се наведува во соопштението.

Коридорот ќе се протега од Италија, преку Албанија и Македонија, до Бугарија, со можност за проширување.

Back to top button
Close