Се преставил дека е градоначалникот Јанчев и на телефон во полиција пензионер пријавил дека е ограбен

Кавадаречки пензионер на возраст од 80 години вчера се јавил во полицијата во Кавадарци, со цел да пријави настан, но на полициските службеници лажно им се претставил како градоначалникот на општината, Митко Јанчев.
Откако веднаш било евидентирано лажното претставување, со него бил извршен службен разговор.
Неофицијално се работело за пријава за наводна кражба.
Од СВР Велес за „Фокус“ го потврдија случајот.
-На 15.07.2024 во 16.20 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со М.М.(80) од Кавадарци затоа што се јавил во полиција, лажно се претставил како градоначалник на една општина и пријавил настан. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од таму.