ЈСП половина месец вози без осигурани автобуси. Штетата од заринканиот автобус кај Мавровка ќе ја платат сами

Последниот договор со кој автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје биле каско осигурани истекол на 1 јули 2024 година. Тоа значи дека веќе 16 ден возилата не се осигурани

Така, на пример, извесно е дека штетата на автобусот на ЈСП кој заринка во жардиниера во близина на „Мавровка“ ќе треба да ја плати самото претпријатие кое и онака подолго време се жали дека нема средства

Автобус на ЈСП Скопје

Откако управува со главниот град, градоначалничката Данела Арсовска досега смени четири директори на ЈСП – Скопје. Последниот, Драги Кушовски, дојде на местото на Крсте Петревски пред само две недели. А веќе има полни раце работа.

Приватните превозници се закануваат со штрајк. Се случи сообраќајна незгода во центарот на Скопје по која и возачот на автобусот кој учествуваше во несреќата и синдикатот обвинија дека од депото се пуштаат технички неисправни возила, со потпис и печат дека се исправни. За случајот се заинтересира и обвинителството.

Редакцијата на „360 степени“ објави истражување дека повеќето автобуси на ЈСП по скопските улици немаат исправна светлосна сигнализација, а сега откриваме нов голем пропуст.

Каското истекло, нема ново

За секое возило, има два типа на осигурување. Едното е задолжителното и е наречено автоодговорност. Служи за да му се исплати штетата на сопственикот на возило во сообраќајна незгода кој не е виновен за неа. Каско осигурувањето, од друга страна е доброволно и го штити и возилото на оној што е виновен, под услов да имал важечка дозвола и да не бил под дејство на алкохол или дрога.

Каско користат многу фирми, особено транспортните. Меѓу нив и Јавното сообраќајно претпријатите Скопје. Ако се погледне историјатот на тендери на оваа фирма, јасно е дека каско осигурувањето е нешто што се правело во континуитет. Се до неодамна.

Последниот потпишан договор за каско осигурување на возилата на ЈСП е од крајот на јуни 2023 година. Потпишан е со ВИНЕР Виена Иншуренс Груп Скопје, со рок на важност од 1.7.2023 година во следните 12 месеци. Тоа значи дека на 1.7.2024 година овој Договор престанал да важи. А во меѓувреме, не е потпишан нов.

Повеќе на 360 мк

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close