Под кодно име „Генерал“ апсења на криминални кланови во Црна Гора
Во Цран Гора во тек е „голема акција против членови на организирани криминални групи“, објавија црногорските медиуми.
Утрово се уапсени неколку лица во една од најголемите меѓународни операции на Специјалното државно обвинителство и Специјалното полициско одделение под кодното име „Генерал“, а меѓу уапсените е и водачот на криминалниот клан „Дрешај“ од Тузи, Виктор Дрешај.
Полицијата од утрово ја пребаруваат куќата на Дрешај во Тузи. „Акцијата со кодно име „Генерал“ започна утринава, а врз основа на претходната повеќемесечна соработка на Специјалното државно обвинителство (СДТ) и Специјалниот полициски оддел со Агенцијата на Европската унија за соработка при спроведување на законот (ЕВРОПОЛ), Федералното биро за истрага (ФБИ) и Дирекцијата за спроведување на наркотици (ДЕА) на САД и Австралиската Федерална полиција (AFP)“, изјави специјалниот обвинител и портпарол на СДТ, Вукас Радоњиќ за подгорички Вијести.