ЖИВИ И ЗДРАВИ – СТАРТУВАШЕ 7. БИЧ – ФИЛМ ФЕСТИВАЛ 

Синоќа, пред максимално исполнетиот простор од плажата кај некогашното синдикално одморалиште (хотелот “Орце Николов”), на свечен начин, со пригоден говор на пратеничката на градоначалникот на Охриод, Кирил Пецаков, советничката Александра Настоска Николоска, во, навистина спектакуларна атмосфера, започна традиципоналната, мегународна, летна манифестација, седмиот по ред, “БИЧ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ најавен од организаторите како смотра на новиот европски филм.

-Богатото охридско културно лето, пулсира и на овој начин, со присуство на домашни и светски посленици од седмата уметност, рече, мегу другото, советничката Настоска Николоска, посакувајќи им на учесниците и публиката пријатни мигови покрај езерското и под небесното синило во Охрид.

Фестивалот и оваа година, нуди богата филмска програма чии проекции ќе бидат на четири атрактивни, амбиенгтални локации.

Почетокот на годинешното издание беше означен со проекцијата на филмот „Живи и здрави“ (Forever hold your peace) кој доага директно од 71. Пуски филмски фестивал, прикажан минатата саботата, во рамките на натпреварувачката програма – Малцинска копродукција.

Една од главните улоги ја игра нашиот еминентен театарски уметник и филмски актер Никола Ристаноски.

“ЖИВИ И ЗДРАВИ” е црногорски филм од 2023 година, во режија и сценарио на Иван Мариновиќ во кој како копродуценти се уште и Македонија, Хрватска , Србија , Словенија и Чешка.

Премиерата на филмот се одржа на филмскиот фестивал во Талин во 2023 година, додека во саботата беше прикажан на 71. Пулски фестивал во една од натпреварувачките програми.

 

Главните улоги во филмот ги толкуваат, уште: Тихана Лазовиќ, Горан Славиќ, Горан Богдан, Сњежана Синовчиќ Шишко, Момчило Пиќуриќ, Дејан Ѓоновиќ, Мирјана Јоковиќ, Драгана Дабовиќ, Милош Пејовиќ, Сејдо Алилеј, Омар Бајрамспахиќ, Лара Драговиќ, Филип Клицов, Зоран Зоро Мартинети, Тамара Драгичевиќ, Стефан Вуковиќ, Димитрие Живановиќ, Бранка Кнежевиќ, Данило Бабовиќ…

Оваа шарена медитеранска комедија започнува кога Драгана, бунтовната невеста, на само два дена пред нејзината венчавка одлучува дека сепак не сака да се мажи. A, сè е подготвено: роднините се поканети, подароците се купени, косата е замесена.

За таткото на семејството Лес не станува збор за откажување. Неговата сурова природа ќе ги принуди младенците да продолжат со венчавката, а следниот ден нека си одат по својот пат доколку е потребно.

Младоженецот Момо не се откажува и ќе се бори до крај невестата да не си замине и со тоа да започне најголемата фарса досега поставена на полуостровот, зачинета со големо количество оружје и динамит, како што налага традицијата и обичаите.

Во главната програма, ќе бидат прикажани уште шест (6) долгометражни европски филмови и тоа: Rodeo, Summer to come, Afire, Milk, Some birds и Pelican.

Покрај главната програма, на фестивалот, ќе бидат прикажани и 14 краткометражни филмови, вклучувајќи и дела од домашната продукција, филмови на Ана Јакимска, Елеонора Венинова, Јане Спасиќ и Димитар Банов, чие дело публиката, веќе, го виде синоќа на свеченото отворање,.

Покрај главната програма, на фестивалот, ќе бидат прикажани и 14 краткометражни филмови, вклучувајќи и дела од домашната продукција, филмови на Ана Јакимска, Елеонора Венинова, Јане Спасиќ и Димитар Банов.

За учесниците – режисери и актери, како и за публиката, посебна атракција се трите проекции, исто така од натпреварувачка програма, на бродот „Армада“, на водите од Охридското Езеро.

Во старото градско јадро, на локацијата на “Плажа -Сараиште”, ќе се одржуваат проекциите на филмови за деца , студентски филмови и кусометражни филмови од официјалната селекција.

За на истиот простор се закажани и ) и едукативните работилници на Младински културен центар.

За музичката програма ќе се погрижат бендовите Sioto Jazz и Xarakiri, диџејките Baila, Dj MarТian и музичкото дуо SIZ.

Најдобрите остварувања ќе се закитат ао наградата „Голем бран“ – за најдобар долгометражен филм и наградата „Стефан Сидовски – Сидо“ – за најдобро актерско остварување се состои од: Julián Génisson (во соработка со шпанската амбасада), Karla Šola, Agim Abdula и Jenńi Ƶyĺka (во соработка со Гете Институт), како и наградата „Мал бран“ – за најдобар краткометражен филм.

Веле Митаноски

 

 

Back to top button
Close