100 најдобри книги објавени по 2000 според Њујорк тајмс

Њујорк тајмс ја одбележи првата четвртина од 21-от век со прилично амбициозен проект – листа од 100-те најважни и највлијателни книги објавени по 2000-та.

За таа цел се обратиле до серија познати писатели, критичари, јавни личности кои имаат познавања од квалитетна книжевност.

Дел од учесниците кои препорачале по неколку наслови се Стивен Кинг, Бони Гармуш, Клаудија Ранкин, Џејмс Патерсон, Сара Џесика Паркер, Карл Ове Кнаусгард, Елин Хилдербранд, Томас Чатертон Вилијамс, Роксан Геј, Марлон Џејмс, Сара Меклин, Мин Џин Ли, Џонатан Летем и Џена Буш Хејгер.

Ние ви направивме поскромна селекција, ги објсвуваме 10-те најдобри книги од листата.

Од нив “Вулф Хол” од Хилари Мантел, “Мојата генијална другарка” од Елена Феранте, „Никогаш не оставај ме“ од Казуо Ишигуро, „Подземната железница“ од Колсон Вајтхед се објавени на македонски јазик.

Back to top button
Close