Петровска: Kако Мицкоски со болни колена се качува по планини?

Пратеничката и екс-министерка за одбрана, Славјанка Петровска ја коментира изјавата на премиерот Христијан Мицкоски околу неговото и патувањето на целата владина делегација во САД на Самитот на НАТО.

-Ова со колената наследнo да не им е во ДПМНЕ, па сите министри морале со бизнис да летаат. Туку како се качува по планини со болни колена, праша Петровска преку објава на социјалните мрежи.

 

– Advertisements –

 

 

Нејзината реакција следува откако вчера премиерот во емисијата „Топ тема“ информира дека поради здравствени проблеми морал да патува со бизнис-класа од Виена до Вашингтон и од Њујорк до Виена.

-Кога патував од Виена до Вашинготн и од Њујорк до Виена патував со бизнис-класа бидејќи имам проблем со колената и потоа не можам еден ден да бидам функционален бидејќи сум повисок и затоа одбрав така. Но, од Скопје до Виена и од Виена до Скопје бев во економска класа накај излезот за итни случаи. Обично седам на излезот за итни случаи поради тоа што има повеќе простор за нозете, некаде помеѓу 11-иот и 12-иот ред. Кога летав за Лондон седев помеѓу 11-иот и 12-иот ред од седиштата на компанијата ‘Аустријан ерлајнс’. И во минатото сум правел така и во иднина ќе така ќе биде, изјави Мицкоски.

Од СДСМ веќе неколку дена обвинуваат дека речиси 20.000 евра чинеле картите за бизнис класа.

Back to top button
Close