Апче за амнезија

4.СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека тој и тројцата министри што патуваа со него на Самитот на НАТО во Вашингтон потрошиле 20.000 евра само за авионски карти за бизнис класа. Тој се правдаше дека го болеле колената и дека ако летал со економска класа другиот ден таму нема да можел да функционира. Па ако го болеле колената, не го болела главата. Синким таму беше отиден да трча маратон, ама ај.

Нема врска муабетов. Премиер е. Нормално е да патува со бизнис класа, особено на прекуокеански патувања и тука нема што да се дебатира. Некогаш државата мора и да потроши. Да бевме побогата земја, ќе патуваше со авион на военото воздухопловство, како што патуваат другите државници.

Ама кога се пуваш со популизам, некогаш и самиот ќе настрадаш од популизам. Mожам да претпоставам што сѐ ќе смислеше ВМРО-ДПМНЕ во опозиција ако претходната влада на СДСМ и ДУИ одлучеше да купи нов владин авион, оти овој што го имаме е од 2004. Колку ли ќе кукаа за „душманско“ трошење. Сигурно и ќе се залепеа за пистата како климатските активисти низ Германија. Е па Мицкоски веќе не е опозиција. Бујрум сега, како премиер нека им објаснува на неговите гласачи колку нивни плати се 20.000 евра за авионски карти.

5.Дознавме и дека на покусите летови, Мицкоски поради проблеми со колената секогаш седи во редовите каде што се вратите за итна евакуација, оти таму има поширок простор да си ги испружи нозете. Тоа значи дека пред секое полетување стјуардесите го замолуваат добро да го проучи упатството за отворање на вратата и го прашуваат дали е спремен да помага при итна евакуација во случај на принудно слетување.

При принудно слетување екипажот им дава наредба на патниците: „Brace for impact“ (Спреми се за удар). По што, на земја или во вода, следува итна евакуација.

Добрата вест е дека премиерот е спремен да ја отвори вратата за итни случаи. Лошата е дека бидејќи прв ќе ја отвори, тој прв и ќе избега. Тоа им е традиција во партијата. А ние, патниците, еве – спремни сме за удар. Цело време сме спремни. Да паднеме, ама да се спасиме.

Колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close