Топол ден со висок УВ-индекс
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец и со УВ-индекс 9.
Во Скопје се очекува сончево и топло со слаб до умерен северен ветер, со температура од 17 до 37.
Во Охридско-струшкиот регион температурата ќе биде до 31 степен Целзиусов, а во Гевгелиско ќе се искачи до 38.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во следните денови ќе преовладува сончево време со постепен пораст на температурата. На почетокот на следната седмица повторно ќе дува умерен до засилен северен ветер