СДСМ: Јанушев покажа слики од кампањата од 2016 година, се уште должи одговори за станот

Опозициската СДСМ експресно реагираше на гостувањето на Јанушев во Сител и неговите изјави, тврдејќи дека тој бил во сериозна криза и страв заедно со неговата партија, бидејќи со слики од кампањата од 2016 година се обидувал да докаже дека се злоупотребувала Владата за печатење на материјали за СДСМ во 2021 година.

„Очајот и потребата да се спинуваат и покријат сите скандали во кој е фатен Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ ги тера да креираат смешни скандали со уште посмешни докази. Слободно институциите нека истражат за каков тоа скандал се работи со печатење на изборен материјал кој се печател преку временска машина, за потребите во 2016 година, но со датум на печатење во 2021. Граѓаните се смеат на јаловите обиди на Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ даги прикријат сериозните криминали на нивните функционери“,стои меѓу другото во реакцијата на СДСМ.

Според нив, генералниот секретар се уште и должи одговор на јавноста во каков бизнис е со министерот Тошковски и треба да ја објави постапката во која тие двајца се стекнале со убави станови.

Back to top button
Close