ВЛЕН: Пријавата кон Бектеши е потврда за корумпирано минато на ДУИ
Последната кривична пријава против поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, за опструкција на правдата, која се сомнева дека е извршена еден ден пред парламентарните избори, јасно и недвосмислено покажува дека партијата од која потекнува Бектеши била дел од октопод на криминал, корупција и крадење на гласовите, велат од ВЛЕН.
„Овој случај е силна потврда дека долгогодишното владеење на партијата на Бектеши донело не само крадење од граѓаните, туку и невиден притисок врз Албанците за да го изразат својата слободна волја преку гласање. Коалицијата ВЛЕН секогаш ќе се залага за владеењето на правото, а никогаш за политички реваншизам“, соопштија од таму.
Притоа, ги повикаа правосудните органи преку правилна и правична постапка предметното лице да ја докаже својата невиност или да се докаже неговата вина во зависност од доказите.