ПМФЛ: Струга со победа ја почна одбраната на титулата
Бранителот на титулата Струга со победа ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), совладувајќи го вечерва Тиквеш на домашен терен со минимални 1-0.
Стартни победи запишаа и Шкендија на гостински терен против Беса (3-1) и Работнички пред своите гледачи против Силекс (1-0).
Шкупи и Воска одиграа нерешено 3-3, а без победник заврши дуелот во Битола меѓу Пелистер и Гостивар (1-1).
Премиерното коло од 33. сезона во македонскиот прволигашки фудбал ќе биде комплетирано вечерва по одигрување на дуелот меѓу Брера Струмица и Вардар.