Скопјанец го запалил мотоциклот на мајка си, а сакал да предизвика пожар и на семејната куќа
Во обидот да предизвика пожар на семејната куќа, осомничениот, според пријавеното, бил спречен од соседите. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава
Триесет и двегодишен скопјанец утрово бил уапсен од екипа на Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје, откако по семејна расправија го запалил мотоциклот на неговата мајка, а потоа се обидел да предизвика пожар и на куќата.
Инциндетот, на кој му преходела расправија меѓу осомничениот А.М. и неговиот 55-годишен татко, се случил околу 3:30 часот, а час и половина подоцна тој бил лишен од слобода од полициските службеници.
На 12.08.2024 во 05:00 часот, полициски службеници од Единциата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(32) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 03:30 часот, по претходна расправија со неговиот 55-годишен татко, во дворот од семејната куќа со запаливо средство опожарил мотоцикл сопственост на неговата мајка. Според пријавеното, тој се обидел со запаливо средство да предизвика пожар и на куќата, но бил спречен од соседите“се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Осомничениот скопјанец, додаваат од МВР, бил за задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава