Меџити за ДУИ: После 20 години тешко им е да се соочат дека се во опозиција
Првиот вицепремиер Изет Меџити денеска ги искоментира предупредувањата на премиерот Христијаn Мицкоски за тоа дека ДУИ подготвува дестабилизација.
Според Меџити, ДУИ за ова нема причина.
После 20 години тешко им е да се соочат дека се во опозиција, немаат причина за протести и дестабилизација“, рече Меџити.
Во однос на одбележувањето на 23 години од Охридскиот рамковен договор, Меџити вели дека не бил договор за тоа како ќе опстои една политичка партија.
„Рамковниот договор е договор како ќе функционира државата, а не како ќе опстои на власт една политичка партија“, порача Меџити.