Француски атлетичар суспендиран поради говор на омраза

Францускиот атлетичар Мухамед Абдалах Кунта, кој настапи на трката на 400 метри на Олимписките игри во Париз, е суспендиран поради говор на омраза.

Француската атлетска федерација (ФФА) му изрече суспензија откако на социјалните мрежи објави говор на омраза против Израел во неколку наврати помеѓу 2021 и 2024 година.

„Федерацијата ги потсетува сите француски спортисти дека изразувањето на нивните лични мислења на никаков начин не смее да го загрози единството на француската атлетика и француската репрезентација и мора да ги почитува вредностите на Републиката“, соопшти ФФА.

Неговите објави подоцна беа избришани.

„Искрено се извинувам ако некој се почувствувал навреден. Јас сум против геноцид и каква било форма на расизам или неправда и мислам дека не треба да докажам колку ја сакам мојата земја“, рече 29-годишниот француски атлетичар.

Back to top button
Close