Војна за фотељата во ССМ. Стариот председател Митровски по 7 години воскресна,ја бара позицијата и ке го брани ставот на власта да нема покачување на минималецот на 450 евра

Попладнецо циркус пред зградата на ССМ. Откако Владата го оспори барањето за покачување на минималната плата на 450 евра во првите сто дена  попладнево напомош на Владата се појави пред 7 години сменетиот долгогодишен председател на ССМ Живко Митревски кој важи за човек близок на сега владеачката ВМРО ДПМНЕ. Тој со десетмина кои го подржуваа во паркчето пред синдикалната зграда држеше прес и тврдеш дека тој пред 7 години бил нелегално сменет и дека тој е легитимен председател и дека дошол пак да седне во фотељата. На пресот се појави и сегашниот председател Слободан Трендафилов на што реагираше Митревски и откако не му успеа да го избрка реши пресот да го држи 10 тина метри подалеку.   .

Живко Митревски, кој беше претседател на ССМ во периодот од 2010 до 2017 година, тврдеше  дека поседува документи според кои тој е нелегално сменет од позицијата и дека изборот на неговиот наследник сега починатиот Дарко Димовски и сегашниот претседател Слободан Трендафилов се нелегитимни ,а председател бил тој.

Трендафилов, пак, тврди дека обвинувањата се неточни, бидејќи сите постапки се правосилно завршени. Според него, станува збор за  обид за упад и политички притисок додавајки дека му донеле фотеља на Митревски во паркчето и дека освен што тврди дека е легитимен не кажал ништо за работничките права и пред се за ветеното покачување на минималната плата за 450 евра кое владата на Мицковски не го признава со аргумент дека во државната каса нема пари.

На прашање на новинарите Митревски не даде одговор дали ќе го поддржи барањата на актуелното раководство доколку биде повторно назначен за директор на ССМ пред се за минималец од 450 евра кое владата не го прифаќа со изговор дека сега дошол само да си ја врати фотељата , а планот и програмата дополнително ќе ги презентирал на јавноста.

 

 

Back to top button
Close