(ВИДЕО) Автомобилот кој излета во Вардар во центарот на Скопје возел со голема брзина

На социјалната мрежа Икс е објавено видео од моментот кога денеска наутро автомобил излета од патот и заврши во коритото на реката Вардар во центарот на Скопје.

Според тоа што може да се забележи на видеото, возилото најверојатно доаѓа од правец на Народна банка, но наместо да сврти кон мостот „Мајка Тереза“ со голема брзина продолжува право, ја пробива оградата на мостот и завршува во речните води.


Полицијата денеска информира дека возило излетало од пат, ја пробило заштитната ограда на мостот „Мајка Тереза“ и завршило во коритото на реката Вардар во центарот на Скопје.

Како што информира МВР, настанот се случил денеска наутро околу 7:23 часот. Со возилото управувал 32-годишен возач со иницијали В. К.

Возачот е пренесен во градската општа болница „8 Септември“ за да му се укаже лекарска помош.

Back to top button
Close