(Видео) Опожарени автомобили на булеварот „АСНОМ“

Околу 9:10 часот утрово во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „АСНОМ“ на паркинг имало целосно опожарено патничко возило, потврдуваат од МВР за МИА и додаваат  дека нема повредени.

– Од страна на полициски службеници е излезено на местото на настанот и е констатирано дека целосно е опожарено патничко моторно возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки сопственост на М.Ј.(35) од Скопје, а делумно биле опожарени две патнички моторни возила „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки сопственост на И.Н.(41) од Скопје и патничко возило „мерцедес“  со скопски регистарски ознаки  К.С.(73) од Скопје, соопшти МВР.

Информираат и дека од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изнаснат.

Според МВР, се работи на расчистување на случајот

Vele Veljanovski 发布于 2020年8月9日周日

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close