Две малолетнички нападнале и ограбиле девојче во Центар, инцидентот го снимале со телефон

Две малолетнички се лишени од слобода во Скопје по пријава дека нападнале и ограбиле друга малолетничка, а притоа ја снимале со мобилен телефон.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 19 ноември, околу 18:10 часот, на подрачјето на Центар. Двете девојчиња ја пресретнале малолетничката, по што едната физички ја нападнала, додека другата ѝ одзела лични работи и пари и ја снимала со телефон.

Back to top button
Close