Експресен пораз на македонските одбојкарки на гостувањето во Солун
Македонската женска одбојкарска репрезентација, вечерва загуби од Грција со убедливи 0:3, по сетови 8:25, 14:25 и 11:25.
Мечот се одигра во Солун и заврши за еден час и седум минути
За Македонките ова е втор пораз во исто толку натпревари од квалификациите за Европското првенство 2026 што ќе се игра во Азербејџан, во Чешка, во Шведска и во Турција.
Во првото коло Македонија на домашен терен загуби од Австрија исто така со 3:0.
Следните две рунди од групата Ф се во август 2025 година.