Роналдо ја доби наградата за најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите


Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер е прогласен за најдобар стрелец во Лигата на шампионите на сите времиња.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин му ја врачи наградата на Роналдо.

Роналдо постигна 140 гола на 183 натпревари во Лигата на шампионите за 18 години, следен од Меси со 129 голови, додека Роберт Левандовски е трет со 94 гола.

Роналдо, моментално капитен на Саудиска Ал Наср петпати ја освојуваше Лигата на шампионите, во 2008 година со Манчестер Јунајтед, а во 2014, 2016, 2017 и 2018 година со Реал Мадрид.

Тој е и рекордер по бројот на голови во една сезона во Лигата на шампионите, постигнувајќи 17 гола во сезоната 2013/14.

Back to top button
Close