Смолинг заминува во Саудиска Арабија
Англискиот дефанзивец Крис Смолинг од оваа сезона ќе игра во Саудиска Арабија во Ал-Фахја.
Иако на поранешниот англиски репрезентативец му останува уште една година до крајот на договорот со Рома, двете страни се договорија играчот да замине во Саудиска Арабија. На тоа влијаеше и тоа што Смолинг минатата сезона одигра само 12 натпревари во сите натпреварувања, а „волците“ го доведоа Ермос на стоперската позиција.
Смолинг потпиша двегодишен договор со Ал-Фахја. Ученик на младинската школа на Милвол, играше за Мејдстон Јунајтед, за Фулам, од каде дојде во Манчестер Јунајтед во 2010 година. На „Олд Трафорд“ остана девет години пред да се пресели во Рома.
За репрезентацијата на Англија одигра 31 натпревар и постигна гол.