МФ: Ажурирани податоците на порталот „Отворени финансии“
Министерството за финансии информира дека е отстранет техничкиот проблем и податоците на порталот „Отворени финансии“ се ажурирани.
– Поради нестручност на фирмата која го одржува порталот, воедно и поради недостаток на ИТ кадар, системот не бил навремено одржуван, а проблемот започнува да се јавува уште во февруари. Вработените од ИТ секторот во координација со новиот советник за ИТ технологии успешно го вратија во функција порталот „Отворени финансии” и ќе продолжат да работат на негово подобрување, се наведува во соопштението од МФ.
Податоците ќе продолжат да се ажурираат согласно утврдената динамика на нивно објавување.
Корисниците преку овој портал, информираат од МФ, можат да пребаруваат информации за реализација на Буџетот одделно по институции и извршени трансакции.
Од МФ потсетуваат дека порталот претставува алатка за унапредување на транспарентноста и и дава на јавноста увид во трошењета на парите на граѓаните од страна на буџетските корисници