Македонија до 21 година убедливо поразена од Холандија
Репрезентацијата на Македонија до 21 година доживеа убедлив пораз од Холандија со 5:0 на гостински терен во натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2025 година.
Холандија во ја демонстрираше својата сила, во секој сегмент од мечот ја надигра нашата репрезентација и на крајот забележа убедлива победа.
Регир уште во втората минута го отвори резултатот по една одлична акција, а Охио во 22.минута зголеми на 2:0. Во продолжението Холанѓаните постигнаа уште три гола. Милион Манхоф во 61. и во 69.минута најави дебакл, а серијата ја заокружи Јури Регир исто така со својот втор гол во 75.минута од мечот.
Следниот меч од квалификациите го играме против Гибралтар на гостински терен.