Јелена Карлеуша и Душко официјално разведени: Мудри луѓе велат дека за доброто на децата поранешните сопружници треба да бидат во коректни односи, но јас не сакам никаква поврзаност со претходниот живот

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ потпишаа спогодбен развод. Регионалната поп ѕвезда Јелена Карлеуша по 16 години стави крај на бракот со фудбалерот Душко Тошиќ, со кој има две ќерки Атина и Ника.

Душко Тошиќ во кариерата заработил меѓу 13 и 18 милиони долари, а Јелена Карлеуша е една од најголемите пејачки ѕвезди на Балканот. Нејзината заработка не е јавно објавена, пишува српски „Телеграф“.

Јелена Карлеуша денеска објави дека и официјално се развела од Душко.

– Потпишав спогодбен развод по 16 години. Самa. Наспроти мене на фотографијата се мојот адвокат Милан Атељевиќ и овластениот адвокат на мојот досегашен сопруг кој не дојде. Не прашав зошто. Поради разни медиумски и социјални шпекулации, ќе додадам дека целиот заеднички имот (стекнат во бракот) се води на нашите деца, Атина и Ника. Старател на нашите деца сум јас. „Другата страна“ немаше поинаков предлог. Иако некои многу мудри велат дека за доброто на децата поранешните сопружници треба да бидат во коректни односи, јас повеќе не сакам никаква поврзаност ниту контакт со претходниот период од животот освен ако се работи за живот и смрт. Во тој случај веројатно и ќе загинам. Па, секој може да направи деца, тоа е лесно, секој може да се ожени, но не може секој да биде сопруг. Сопруг е тој што стои до сопругата како што се вели при потпишувањето на брачниот договор – во добро и во лошо… а мене животот, за жал или за среќа, ме „награди“ со сила низ сите проблеми, подеми и падови, низ морето на злото, солзите и лошите луѓе сите изминати години… да одам сам. Знам. Тешко е да се стои покрај мене, тешко е да чекориш покрај мене, а уште потешко да застанеш пред мене. Претпоставувам затоа што сум толку страшна. За мене често велат дека сум ЛУДА, веројатно се во право. Затоа покрај мене мене отсега може да стои само ЛУД. Како мене. Не прифаќам ништо помалку. За да ме, како што јас знам, сака ЛУДО, дури и кога цел свет ме мрази. Немам што повеќе да додадам, другар судија. Одиме понатаму – напишала Јелена на својот профил на Инстаграм

Back to top button
Close