Македонските шахисти поразени од Шведска, дамите убедливи против Нов Зеланд
Половичен успех забележаа македонските селекции на 45 шаховска Олимпијада која до недела се одржува во Будимпешта.
Македонската машка селекција загуби со 1.5 – 2.5 од Шведска, додека дамите извојуваа максимална победа од 4-0 во дуелот со Нов Зеланд.
Шведска ја обезбеди победата над македонските шахисти на третата и четвртата табла на кои Емил Ристески и Антон Златков претрпеа порази. Евгени Романов забележа победа на првата, а Никола Николовски ремизираше на втората табла.
Убедливиот триумф на шахистките во дуелот со Нов Зеланд го донесоа Моника Стојковска, Ивана Манова, Моника Жежовска и Сања Трајковска.
Пред денешното 9 коло, македонските шахисти беа позиционирани на 31 место, а дамите на 65 место.
Пласманот и противниците на македонските селекции во следното коло ќе биде познат по комплетирање на сите дуели од денешната програма