Енрике по ремито со Ремс: Задоволен сум од целиот тим

 

– Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике не е разочаран од нерешениот исход на мечот со Ремс.

ПСЖ синоќа на гостински терен во натпреварот од 5. коло на францускиот шампионат одигра 1:1 и за прв пат сезонава не победи.

– Откако сум тука, ПСЖ речиси никогаш немал лесен натпревар на гостински терен. Знаевме дека ќе биде тешко против Ремс, кој иако скоро и да немаше посед, успеа да постигне гол при првата шанса. Не можеме секогаш да победуваме, но сепак имам позитивни впечатоци за сите играчи кои учествуваа на овој натпревар, и стартери и замени. Сите се потрудија. Тоа е фудбалот. Понекогаш сè оди добро, понекогаш не, изјави Енрике за „Л’Екип“.

ПСЖ е лидер на табелата во Лига 1 со 13 бода и натпревар повеќе од најблиските ривали за врвот, Марсеј и Монако.

Back to top button
Close