Мониторинг: Единиците на Хезболах ја напуштаат Сирија додека се интензивираат судирите со Израел


Воен мониторинг денеска објави дека Хезболах ги повлекува своите борци од делови на Сирија додека либанската милиција е под жесток напад од Израел, јави ДПА.

Хезболах и Иран се клучни сојузници на сирискиот претседател Башар ал-Асад и се борат на негова страна од избивањето на граѓанската војна во 2011 година.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека милициите лојални на Иран се собираат во централниот сириски град Палмира и пустинските области за да ги заменат борците на Хезболах кои заминуваат.

Опсерваторијата соопшти дека Хезболах го евакуирала седиштето во Палмира и се повлекла од околните области. Се вели дека штабот им бил предаден на членовите на авганистанската бригада Фатемијун. Други милиции презедоа складишта за оружје во регионот.

Минатата недела експлодираа илјадници пејџери и воки-токи што ги користеа членовите на Хезболах. Израелските напади погодија и предградие на Бејрут како дел од воената кампања насочена кон високи членови на движењето.

Израел денеска изврши воздушни напади врз цели на Хезболах во јужен Либан. Најмалку 356 лица загинаа, а повеќе од 1.200 други се повредени, соопшти вечерва либанското Министерство за здравство.

Back to top button
Close