Вардар го доби дербито со Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ го совладаа Еурофарм Пелистер со 27:24 (15:11 полувреме) во дербито на 4.коло на Суперлигата.

„Црвено-црните“ во текот на целиот натпревар ја имаа контролата на резултатот и не му дозволија на противникот да се понадева на нешто повеќе од пораз изразен со три разлика.

Ова е четврта победа во низа за Вардар на домашен терен против лутиот ривал од Битола.

Голманот Еспиња со девет одбрани, Марко Срдановиќ со осум гола и Гоце Георгиевски со пет реализации беа најдобрите во победничкиот тим.

Кај битолчани, Никола Митревски имаше 10 интервенции, Филип Кузмановски седум гола.

Сега Вардар и Еурофарм Пелистер имаат по еден пораз, додека лидер на табелата е Алкалоид со максимални четири победи.

Back to top button
Close