Петровиќ: Во вториот дел имавме голем пад во концентрацијата, особено во одбраната

Новиот тренер на Пелистер ги најде причини за поразот во Суперкуп-дуелот со МЗТ Скопје Аеродром.

Поранешниот предводник на „сино-белите“ не успеа на Пелистер да му донесе првиот трофеј на почетокот на сезоната 2024/25.

Битолчани иако имаа предност од десет поени во средината на втората четвртина, на крајот го загубија натпреварот со убедливи 78:64.

– Во првото полувреме одигравме како што се договоривме и тогаш имавме водство. Во вториот дел дојде до пад во играта и концентрацијата, особено во одбраната каде дозволивме да примиме лесни поени, не направивме фаули во вистинско време и тука ги гледам причините за поразот. Им честитам на играчите на МЗТ Скопје, денеска беа подобри од нас. Ова е почеток на сезоната, во вторник нė очекува дуел со Широки Бријег и се насочуваме кон тој меч, изјави Петровиќ.

МЗТ Скопје по седми пат го освои трофејот во Суперкупот.

Back to top button
Close